„Самун ем татлија“ во Радовиш

  • Публикувано

  • 29 окт 2013
  • Посетена

  • Се калкулира
Преку манифестација Радовиш ќе ги промовира двата традиционални специјалитети за овој град, самунот и татлијата. Во сабота локалната самоуправа и здружението ,,Смар спорт“ за првпат ќе организираат целодневен настан ,,Самун ем татлија“.
 
Освен промоцијата на овие автентични специјалитети ќе има и забавен дел за кои ќе се погрижат македонските фолк пејачи, воениот оркестар и оркестарот на Македонската Телевизија.
 
Радовишкиот градоначалник истакна дека манифестацијата посветена на самунот и татлијата предзвикала голем интерес кај угостителите во Радовиш, а веќе 15 угостители и сопственици на фурни се пријавиле за учество. 
 
Општина Радовиш има изработено штандови, на кои што ќе се претстават традиционалните радовишки специјалитети, а угостителите нема да ги чини ниту денар.
 
За организирање на оваа манифестација од општинскиот буџет се издвоени околу 1.200.000 денари.
Слични вести
Коментари
comments powered by Disqus

4 септември 2015

Струмица

35 19
  • Ветер: 2 km/h
  • Влажност: 48 %
сабота
макс  37
мин  20
недела
макс  36
мин  15
понеделник
макс  29
мин  14