Поплави и во валандовско

  • Публикувано

  • 25 фев 2013
  • Посетена

  • 5

Обилните врнежи од дожд кои го зафатија валандовскиот регион вчера во вечерните часови поплавија неколку села во валандовско. Поради напукнат доводен канал за наводнување кој е запушен од нанос на песок и гранки, водата од пороите истекува преку с.Јосифово, каде поплавени се повеќе куќи (подруми), како и земјоделско земјиште.

Мостот кај Горна мала е скинат и учениците и работниците не одат на училиште и на работа. Аразлиска река е надојдена при што е скинат цевководот за вода за пиење за с.Јосифово и с. Удово кои во моментот се без вода за пиење. Во с.Пирава од поројниот дож има големи наноси од песок во центарот на селото, а улицата Гоце Делчев е раскопана и истата не е проодна. Бојмијата-мичкова река е запушена кај испустите од цевки и водата се излива во полето каде е поплавено и земјоделско земјиште.

Слични вести
Коментари
comments powered by Disqus

30 октомври 2014

Струмица

16 6
  • Ветер: 10 km/h
  • Влажност: 60 %
  • Врнежи: 1 mm
петок
макс  14
мин  4
сабота
макс  14
мин  4
недела
макс  15
мин  6